-->
-->
Страотна сообраќајка кај Табановце, „мерцедес“ излета од патот, жена се бори за живот
-->
На автопатот Куманово – Табановце, поточно пред клучката за исклучување кон Крива Паланка утринава се случи тешка сообраќајна несреќа. Кумановски Муабети пишува дека куче ненадејно излетало на патот, при што возачот на возило Мерцедес сакајќи да го избегне, излетал од патот и удрил во банкина.
На лице место се најдоа екипите на мобилните тимови на Црвен Крст на Град Скопје кои укажаа помош се додека не пристигна екипа на Итна медицинска помош од Куманово.
Возачот останал неповреден, додека неговата сопатничка која била на задното седиште се здобила со тешки телесни повреди и со екипите на Брза помош беше пренесена во кумановската болница.
Извор: Кумановски муабети
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата