Балкан
10. April 2017 - 10:29

Страотна несреќа: Момче и девојка загинаа на самото место

Момче мотоциклист (28) и девојка (27) совозач на моторот, настрадаа во страотна сообраќајна несреќа на Крагуевачкиот пат кон свртувањето за Врчин.

Несреќата се случила вчера околу 15.30 часот, кога мотоцикот на кој бил настраданите удрил во автомобил кој се вклучувал од Врчин на главниот Крагуевачки пат.

Во несреќата тешко повредена е и девојката совозач во автомобилот зошто мотоциклистот при ударот буквално низ шовершајбната влетал во автомобилот. Мотоциклистот загинал на самото место, а девојката на пат кон болница.

На фотографијата се гледа автомобилот во кој удрил моторот.