Балкан
24. March 2017 - 0:20

Страотна глетка: Автомобил удри во дрво и се запали, возачот изгоре

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 22.20 часот во Сурчин, на околу 100 метри од исклучувањто од автопатот кон Аеродромот, кон Музејот на возодухопловство.

Foto: Telegraf

Несреќата се случила кога возило марка „пежо 206“ со странски регистарски ознаки, од засега неутрврдени причини, излетал надвор од коловозот и удрил во дрво.

Foto: Telegraf

По ударот возилото се запалило. На местото на возачот затекнато е јагленисано тело на непознато лице, неутврден пол.

Гаснењето на пожарот е во тек.