Бизнис
27. February 2017 - 19:41

Странските инвеститори бараат реформи на средното образование затоа што им фалат стручни работници

Најголем проблем со кој се соочуваат странските компании во Македнија е недостигот на работници со средна стручна подготовка.

Токму ова ќе биде фокусот на советот на стрсански инвеститори годинава бидејќи за потребата од стручни работници за изјасниле странските компании од практично од сите сектори на економијата.

Според советот, образовна реформа ќе придонесе младите да добијат фер плата за достоинствен живот и да останат во Македонија.

- Повеќе никој не сака да работи во земјава, сите сакаат да студираат и тоа станува голем проблем за нас. Би напоменал дека ова не е само македонски проблем, слична е состојбата и во Австрија и Германија и ние решивме дека мора да сториме нешто. Вие имате добро средно стручно образование, но тоа мора да се прилагоди на потребите на бизнисот за отпосле да има вработувања, рече Штефан Петер, претседател на советот на странски инвеститори

Во однос на платите, Петер појаснува дека покрај фабриките, странски инвестиции има и во телекомунацкиите, енергетиката,  банкарството, каде примањата се повисоки. Тој посочи и дека погодностите за вложувања во зоните привлекле нови инвеститори во Македонија при силна конкуренција од Србија и Бугарија.

- Кога зборувате за платите кај странските инвеститори, не треба да споредувате јаболка со круши, туку јаболка со јаболка. Не треба да ги споредувате платите во фабриките и оние во банкарството. Исто така, многу е важно да се гледа целосната слика, да се согледаат платите на годишно ниво зашто некои компании даваат 13 и 14-та плата, а некои обезбедуваат други бенефиции, нагласи Петер на прес-конференција.

Според советот, странските компании вработуваат 50 илјади луѓе во земјата и соработуваат со 5 илјади домашни компании.

- И покрај две години политичка криза, ниту еден од пристуните странски инвеститори не отстапил од своите планови во Македонија. Тие сега чекаат формирање на нова влада и дијалог за нови реформи.