Македонија
26. February 2017 - 16:54

Странците купуваат имот во Македонија

Странците заинтересирани за купување на недвижности и инвестирање во туризмот.Туристичките водичи кои се дел од Балканските тури велат дека туристите најмногу ги привлекува културното наследство, езерото, климата, многубројните манастири и љубезноста на луѓето. Особено  охридската ривиера во последните неколку години стана привлечно место за луѓето од целиот свет тие сакаат да купуваат имоти.

Од друга страна Скандинавците особено се заинтересирани да инвестираат во здравствениот туризам преку изградба и развој на бањите.

Инаку за туристите сè повеќе атрактивни се и досега недопрените природни предели и алтернативни дестинации кои се прекрасни и полни со убавини.