Стоун: Путин има „ментална власт“ врз САД
Владимир Путин има „некаква ментална власт“ врз САД, тврди американскиот режисер Оливер Стоун во интервјуто за „Росискаја газета“.
- Вие Русите, треба да се гордеете што со воен буџет што е десет пати помал од американскиот, и со економија што е десет пати помала од нашата. вашиот претседател привлекува толкаво внимание. Тоа е просто неверојатно, наведе режисерот на документарниот филм „Интервју со Путин“, што од денеска ќе биде прикажано на руската државна телевизија.
- Тоа е психологија. Путин има некаква ментална власт над САД. Се создава една таква хистерија, параноја, нагласи Стоун.
Тој истакна дека рускиот претседател „многу страда во животот“ од различните критики.
- Тешко ќе најдеш друг таков негативец. Како може да си комбинација од Хитлер и Сталин и при тоа да си најбогатиот човек во светот. Едностано Супермен, иронизира американскиот режисер.
Според сопствените впечатоци, Стоун го опиша Путин како „харизматичен, учтив, човек со гламур“, кој не се стреми кон експанзија на Русија.
- Господинот Путин е еден од најважните светски лидери и бидејќи САД го прогасија за свој непријател, голем непријател, многу е важно да чуеме што сака тој да каже, истакна Стоун во врска со својот филм.
Режисерот, кој го интервјуираше претседателот на Русија, изгледа се однесувал добро кон својот соговорник, кој во последниве четири години е оценет од списанието „Форбс“ како најмоќен човек во светот.
Филмот на Стоун нема да биде прикажан само во САД. Правата за емитување ги купија и компании од Австралија, Велика Британија, Германија, Кина, Италија, Турција, Франција и многу други земји, посочува „Росискаја газета“.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово