-->
-->
Стотина македонски камиони заглавени на хрватско-српската граница
-->
Стотина македонски камиони се заглавени на хрватско-српската граница поради блокадите на граничните премини меѓу Хрватска и Србија што меѓусебно ги воведоа Загреб и Белград.
Од транспортната асоцијација „Макамтранс“ инфромираат дека нивните последни сознанија се дека од Хрватска во Србија се пропуштаат дел од камионите кои не носат стока која е поврзана со Хрватска, а другите се упатуваат на паркинг плацеви.
Бидејќи не функционира ниту еден градничен премин за влез од Србија во Хрватска, од „Макамтранс“ упатуваат апел до камионџиите да ги користат алтернативите преку Босна и Херцеговина и преку Унгарија.
Бројот на камиони се менува постојано. Блокадите на српско-хрватските гранични премини траат веќе пет дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коалицијата Вреди го потсетува Османи на случајот „Пациент“
-
Кумановец избегал од затвор и ограбил продавница во Крива Паланка
-
Зеленски бара помош од запад по рускиот напад врз Чернигов
-
Бојмацалиев од Пробиштип: Годинава бонус плата во МВР од 36.000 денари
-
Даштевски: Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал
-
Тешко повреден 53-годишен пешак на патот Кичево-Охрид
-
ССМ: Во наредните денови ќе го радикализираме протестот
-
До вторник облачно со повремен дожд, а на планините снег