Македонија
10. November 2015 - 17:18

Стотина лекари потпишаа Повелба за законска заштита на дигнитетот и угледот на лекарската професија

Повелба за заштита на дигнитетот и угледот на лекарите. Стотина лекари чекаа во редици да го потпишат документот кој треба да се преточи во Закон за докторска дејност. Конечно ќе добијат законско решение што ќе им гарантира безбедност на работните места и почит на професијата. Чашата ја прелеа вчерашниот инцидент на Клиниката за дигестивна хирургија кога со огнено оружје беше погоден хирург. Иницијативата за денешната сплотеност на лекарите доаѓа  од Министерството за здравство, ЛКМ и македонското лекарско друштво. 

Со години наназад лекарите се мета на незадоволни пациенти и членови на семејства. Пцости, тупаници и вербални закани се само дел од пријавите кои стигнуваат во лекарска Комора. Денешната Повелба им дава надеж дека работите ќе се сменат и ќе имаат достоинствена работа.

Право на докторот на правичен однос кој се заснова на почит и учтивост од стран на пациентите. право да го предупреди пациентот доколку се однесува несоодветно како и да побара заштита на соодветен начин. Утврдување на постоење на лекарска грешка само преку соодветни постапки од страна на надлежни органи. Ова е само дел од потпишаната Повелба што ќе содржи и Законот за докторска дејност.