Македонија
23. September 2015 - 20:56

Стотици македонски транспортери заглавени на српско - хрватската граница

Километарски колони од камиони, коли и автобуси заглавени на граничните премини помеѓу Србија и Хрватска. Македонските превозници на овошје и зеленчук ќе претрпат најголеми штети. Транспортерите освен што губат и по 1000 евра за еден ден поминат на граница,  при крај се и со залихите со храна и вода. Еден од нив во телефонски разговор за Сител се пожали дека чека на границата од недела попладне.

Од Асоцијацијата на камионски транспортери велат дека состојбата е алармантна. Хрватите се обиделе на помалите премини да ги пренасочат автобусите и автомобилите, додека камионџиите се заглавени во колоните. Властите во Загреб велат дека причина за застојот е паднатиот компјутерски систем. Но од српска страна објаснуваат дека причината е бегалската Александра сподовскакриза.

Според информациите околу 1000 македонски, српски и бугарски камиони се заглавени на премините.