Македонија
22. April 2017 - 17:17

Сторија за Сорос и Бејли на „Фокс њуз“: 3 центи по Американец за Шарената револуција во Македонија

Ова е лудо. Што правиме ние по ѓаволите давајќи му ги парите  на нашите даночни обврзници на Џорџ Сорос и неговите левичарски организации за да ја преведат книгата на Сол Алрински за правилата на радикализмот за да користи за организирање на младината за дестабилизација на земјата и напад на демократски избраната влада.  Вака ја започнува својата анализа директорот за истраги во Џудишл Воџ, организацијата која неодамна поднесе тужба барајќи информации за работата на американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, за кого тврдат дека работел позади сцената за дестабилизација на Македонија со помош на Соросоидите.

Во петминутната анализа посветена на финасирањето на Соросовите организации во Македонија со пари на американските даночни обврзници  беше потенцирано дека претходно повеќе американски конгресмени побараа од Бејли да објасни како се трошеле парите од дноациите на УСАИД и дали со нив се финансирале левичарски организации во Македонија кои биле во функција на рушење на демократската влада.

Judicial Watch наведува дека Амбасадорот на САД назначен од Барак Обама во Македонија, Џес Л. Бејли, работел зад сцената со Фондацијата Сорос "Отворено општество" трошејќи големи суми на американски долари за оваа намена (финансирање на организирање насилни демонстрации, протести, левичаркси здруженија и медиуми) што претставува мешање на амбасадорот на САД во домашните политички прашања што преставува кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи. Се бара секоја евиденција на комуникација помеѓу официјален преставник, вработен, или претставник на Стејт департментот и секој официјален преставник, службеник или претставник на Фондацијата отворено општество ­Македонија и/или други придружни организации на Фондацијата. Ова барање ја вклучува и евиденцијата на комуникацијата и повратната комуникација испратена од или кон американскиот амбасадор во Македонија Џес Л. Бејли.

Работата на Бејли и Соросоидите во Македонија е под лупа на конгресмените веќе подолг период. Тие имаат веродосојни извештаи дека во текот на изминатите неколку години американската мисија во Македонија активно интервенирала во партиската политика на Македонија, како и во оформувањето на нејзината медиумска средина и граѓанското општество, често фаворизирајќи групи од една политичка определба над друга.