Стопанска комора: Брзото менување на законите најголем проблем на бизнисот
Сивата економија и брзото менување на регулативите се уште се најголеми проблеми за микро, малите и средните претпријатија во Македонија.
Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора, за фирмите е посебно тешко да се прилагодат на законите за работни односи и за безбедност и заштита при работа, а не помали пречки им се и правата и обврските од законите за даночна и царинска политика, животна средина и урбанизам.
- За што подобро информирање на компаниите, но и за детектирање на нивните проблеми, почнуваме со т.н. инфо-сесии, вкупно 18, во десет градови низ Македонија. Стартот е задутре, 22 март, со првиот информативен настан во Велес. Клучни сектори што ќе бидат опфатени со анализите се земјоделството, текстилот, градежништвото, ИКТ и туризмот, истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Комората.
Инфо-сесиите се дел од проектот на УСАИД што го спроведува „Епицентар Интернационал“ – Скопје во партнерство со Стопанската комора на Македонија, Комората за информатичка и телекомуникациска технологија МАСИТ и Стопанската комора на Северозападна Македонија. Целна група се сите микро, старт-ап, мали и средни претпријатија, но не е исклучена можноста и за присуство на претставници од големите компании.
- Целта е двојна, подобра усогласеност на бизнисот со законската регулатива преку информирање и детектирање на промените кои фирмите би сакале да ги видат во соодветните регулативи, нагласи директорот на „Епицентар Интернационал“ – Скопје Љупчо Димовски.
Информативните настани ќе се одржуваат до 7 јуни годинава, во Велес, Куманово, Тетово, Кавадарци, Битола, Струга, Охрид, Струмица, Штип и Скопје.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море