Столтенберг: НАТО посилно да се вклучи во борбата против тероризмот
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го осуди денеска терористичкиот напад во Манчестер, истакнувајќи дека очекува Алијансата посилно да се вклучи во борбата против тероризмот.
- На утрешната средба ќе покажаме дека сите сојузници остануваме обединети во борбата против тероризмот во сите негови облици, изјави Столтенберг на прес-конференција пред почетокот на самитот на НАТО.
Тој очекува сите сојузници да дејствуваат повеќе во борбата против тероризмот по „бруталниот напад во Манчестер“.
Во Брисел утре се одржува самит на НАТО на кој се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да побара и Алијансата да се вклучи во меѓународната коалиција против Исламска држава.
Столтенберг нагласи дека влезот на НАТО во таа коалиција нема да значи дека во неа би имал „борбена улога“.
Како што е претходно најавено, на утрешниот самит ќе биде отворено ново седиште на НАТО, иако се уште не е целосно довршено.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари