Свет
17. March 2017 - 12:31

Столтенберг: Конфликтот меѓу Турција и Австрија попречува серија програми на НАТО

Конфликтот меѓу Турција и Австрија е препрека во остварувањето на серија програми на НАТО за воена соработка, изјави денеска во Копенхаген генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. 

Тој ги повика Турција и Австрија да го решат дипломатскиот спор.

- Таа ситуација доведува до големи препреки, серија програми за соработка не можат да почнат. Ги повикуваме двете страни да го решат спорот, за да ги избегнат негативните последици за нашата соработка, посочи Столтенберг.