Свет
18. May 2017 - 13:34

Столтенберг има доверба во сите сојузници на НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави денеска дека има целосна доверба при споделувањето на строго доверливите разузнавачки информации меѓу сојузниците. 

- Многу ја ценам соработката што ја имаме во рамките на НАТО за споделувањето на информациите, нагласи Столтенберг. 

- Им верувам на сите сојузници и апсолутно сум сигурен дека и тие се во состојба да споделуваат и да водат сметка за информациите на добар начин, истакна генералниот секретар на НАТО.