Македонија
18. January 2018 - 19:34

Столтенберг и Заев: Спорот за името мора да се реши, нема план „Б“

Нема план Б за прием на вашата земја  во НАТО , спорот со името мора да се реши,  ова во неколку наврати го повтори  генералниот секретар на Алијансата  по средбата со премиерот Заев . Столтенберг  на прес конференцијата ја исклучи можноста земјата да влезе во НАТО под привремената референца. Таа опција е нереална а тоа се покажа прво на самитот  во Букурешт во 2008 година, а потоа и на самитот во Варшава минатата година, истакна Столтенберг. Тој посети дека одлуките во АЛиајнсата се донесуваат со консензус.

Премиерот очекува Македонија наскооро да стане членка на Алијанаста.  Владата работи на создавање амбиент за надминување на проблемот  со Грција, посочи Заев. 

Во врска со пресудата од Хаг за времената спогодба, Столтенберг рече дека тоа е правно прашање, а приемот во НАТО е политичка одлука 

-Тоа е суд а ова е политичко прашање. Како политичка алијанса ние носиме политички одлуки. НАТО е базиран на консензус, за да се смени одлука се бара поддршка од сите сојузници. Нема да бидам искрен со вас ако индицирам дека постои можност да се избегне прашањето за името – подвлече тој.

Алијансата останува присутна во регионот како фактор на безбедност потенцираше Столтенберг.Тој и премиерот Заев го осудија убиството на српскиот политилар на Косово, но сметаат дека ситуацијата е стбаилна. 

На крајот на прес конференцијата,тој го прегрна домакинот нарекувајки го пријател и мој херој.