Македонија
15. January 2018 - 16:13

Столтенберг доаѓа во посета на Македонија оваа недела

Посетата на Јенс Столтенберг, не е доволна за членството на Македонија во НАТО ниту Тоа ќе го реши проблемот со името, причина поради која државата е надвор од Северноатланската алијанса, смета министерката за одбрана Радмила Шекеринска.. 

„Посетата не е подарена, таа е заслужена но тоа не е доволно за членство но сепак покажува дека сме тргнати на вистинскиот пат.. Генералниот секретар нема да го решава проблемот со името, тој ќе ја прати пораката дека една држава сака да стане членка на НАТО и ги влече вистинските потези, го гарантира владеењето на правото и дека таа тогаш ја добива шансата за членство во НАТО, изјави Радмила Шекеринска, Министер за одбрана..

Шекеринска вели дека во изминатите шест месеци, државата покажала поинаква политичка култура, а реализираните реформи придонеле да се неутрализираат лошите вести кои доаѓале од Македонија..

„Посетата ја гледаме како можност Македонија да се претстави во поинакво светло, како држава која ги решава своите проблеми, работи на својот приоритет и како држава која реално верува дека членството во НАТО и ЕУ значат поголема сигурност и поголем просперитет за граѓаните на РМ“, вели Шекеринска..

Столтенберг во средината на неделава доаѓа во дводневна посета на Макеоднија.. Според најавите, тој ќе се обрати во парламентот а се предвидени средби и со државниот врв..