Свет
31. October 2017 - 8:43

Столтенберг: Да се зголеми притисокот врз Северна Кореја

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска дека треба да се зголеми притисокот врз Северна Кореја.

- За НАТО е важно да се зајакне притисокот врз Северна Кореја. Сите држави да се придржуваат кон политиката на меѓународни санкции во интерес на постигнување мирно решение за проблемот, истакна Столтенберг на средба со јапонскиот премиер Шинѕо Абе во Токио.

Тој во разговор со јапонскиот министер за надворешни работи Таро Коно нагласи дека ракетната програма на Пјонгјанг претставува закана за целиот свет.