Тенис
12. September 2017 - 8:01

Стоилковска во борба за влез на главниот турнир

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска денеска ќе игра меч од 3.коло од квалификациите на фјучрсот во унгарскиот град Секешфехервар. Таа во меч од 2.коло ја победи Никол Гадине од Швајцарија со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3), а денеска ривалка и е Барбора Палцатова од Словачка. 
 
Стоилковска се наоѓа на 1.191 место на ВТA листата со 4 поени и таа покрај Лина Ѓорческа која е на 213 место се единствените две македонски тенисерки кои имаат ранг.