Стоев во ходникот додека со нож го бодеше соседот, викав „немој, немој“ - таа е жртва на хоророт во Бела Црква
Морничаво злостроство ги потресе жителите на Бела Црква, каде Иван со нож го избодел до смрт својот комшија Јон М. познат како Мујо, а потоа се обидел да ја силува соседтката Драгица Јовановиќ.
Драгица (52) вели дека кај осомничениот Иван вчера отишла за да се консултира околу судскиот спор кои со мажот го води поради куќата, бидејќи неговиот татко бил адвокат.
- Мене маж ми ме тужеше, сака да ми ја земе куќата, а таа е моа, јас сум пензионер од Данска, јас таа куќа ја купив. Сакав да се вратам околу 19 часот додека уште е ден, а сега покојниот Мујо ми рече: Седи уште малку јас ќе те испратам“. Цела ноќ зборував со полицијата со лекарите, се уште ми тече крв од носот. Ме удараше со шипка по главата, јас се онесвестив, се црно ми се гледаше. Трчав накај дома, но каде да бегам кога сум сама? Беше пијан, јас стоев на прагот од ходникот, а тој го бодеше Мујо кадеќе стигнеше. Јас викав: „ Немој, молим те“. Мујо се обидуваше да се брани, тој го држеше, овој бодеше„, потресно сведоштво на несреќната жена која осомничениот во тој момент се обидел да ја силува.
Драгица вели дека се обидела да побегне, но тој ја онесвестил со удар во главата.
- Јас вриштев: „Немој, немој..“ Под стрес сум ве молам повеќе ништо немојте да ме прашувате. Не можам да стојам на нозе, завршила таа.
Ново на Сител
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе