Бизнис
16. May 2016 - 12:30

Сточари ги блокираа патните правци кон Штип и Делчево

Стотина сточари од Малешевијата денес ги блокираа регионалните патишта кои водат за Штип и Делчево.

Барикади со трактори и возила се поставени кај селата Мачево и Смојмирово. На овој начин тие го изразија револтот од непостапување на надлежните институции во врска со болеста „јазлеста кожа“ во смисла на заштита на здравите говеда.

Сточарите бараат да не се уништува здравата стока и итно да се преземат превентивни мерки за заштита на стоката како вакцинација и прскање против комарци бидејќи, како што истакнаа, трпат големи штети.

Блокадите на регионалните патишта денеска ќе траат до 16 часот.

Се проценува дека во Малешевијата досега се уништени 50-ина грла добиток, додека во Делчево 20-ина.