Џет-Сет
19. February 2018 - 10:50

Стисната во силна машка прегратка: По свршеничкиот прстен, Лила покажа чии раце ја чуваат

За денот на вљубените и виното се случија неколку понуди за брак меѓу познатите, а меѓу оние дами кои добија свршенички прстен беше и популарната водителка Лила Филиповска.
 
Иако го покажа прстенот и откри дека доби брачна понуда, Лила остана дискретна околу тоа кој е избраникот на нејзиното срце.
 
Оттогаш поминаа неколку дена, а таа на кусите Инстаграм приказни покажа дека оној што ја чува и пази, не ја испушта од прегратка, но сепак не го откри неговото лице.
 
Засега е позната само неговата тетовирана рака, на која таа ја потпре дланката со прстенот во фокус.
 
Лила во неколку наврати досега откри дека има повеќе среќа во љубовта кога тоа не и го открива на јавноста, а очигледно се уште се дружи на ова свое правило, па доволно и е да знаат само оние најблиските во животот.