Свет
4. February 2017 - 17:31

Стејт департментот, сепак, ќе им дозволи влез во САД на патниците со валидни визи

Стејт департментот ја промени одлуката и на патниците со валидна виза ќе им дозволи влез во САД, денеска изјави официјален претставник на ова американско министерство, пренесува Танјуг.

Дозволата е издадена во согласност со правното мислење на федералниот судија од Сиетл, кој се спротивстави на извршната наредба на претседателот Доналд Трамп.

- Го поништивме привременото укинување на визите, рече претставникот на Стејт департментот, додавајќи дека патниците со визи што не се физички поништени сега можат да патуваат доколку тие им се валидни.