Македонија
27. July 2015 - 17:45

Стејт департментот: Македонија регионален лидер во борбата против трговијата со луѓе

Со објавувањето на годинешниот Извештај за трговија со луѓе на Стејт департментот на САД за 2015, Соединетите Држави денеска и честитаат на Македонија што повторно го постигна статусот на земја од 1. Категорија.

- Напорите на Владата на Македонија во борбата против овa ужасно злосторство во изминатата година вклучија гонење и пресуди за полициски службеници за вмешаност во трговија со луѓе, иницијатива за идентификување на деца-жртви и нивно пријавување во организации што нудат помош, како и значително зголемување на буџетот за заштита и поддршка за жртвите. Ја охрабруваме Македонија во наредните години да ги зголеми своите напори за борба против трговијата со луѓе за да остане регионален лидер во оваа сфера, и се надеваме на понатамошно партнерство со Македонија за ова, но и за други витални прашања од областа на владеењето на правото, стои во честитката од САД до Република Македонија.

Во извештајот од Стејт департментот меѓу другото стои дека Владата на Македонија целосно ги исполнува минимум стандардите за елеминирање на трговијата со луѓе.