Свет
8. July 2017 - 11:14

Стејт департмент: Примирјето во Сирија е прв чекор кон подобар договор

Постигнатиот договор меѓу САД, Русија и Јордан за примирје во југозападниот дел на Сирија е прв чекор кон посолидна спогодба, изјави висок претставник на Стејт департментот.

- Тоа е прв чекор кон она што го планираме како покомплексен и солиден договор за прекин на огнот и деескалација во југозападниот дел на Сирија, истакна американскиот претставник.

САД и Русија вчера постигнаа договор за прекин на огнот во овој дел на Сирија, кој би требало да стапи во сила утре на пладне по локално време во Дамаск. Можно е Вашингтон да испрати свои набљудувачи, кои ќе го следат спроведувањето на договорот за примирје.

Една од целите на примирјето е САД, Русија и Јордан „да го искористат своето влијание врз сите инволвирани страни во конфликтот, со цел да прекинат борбите“, нагласи високиот претставник на Стејт департментот.