Македонија
30. September 2017 - 14:52

Стефановски: СДС и нивните кандидати за градоначалници Богоев и Шилегов секојдневно покажуваат тотално непознавање на состојбите во Скопје

СДС и нивните кандидати за градоначалници, Стефан Богоев и Петре Шилегов секојдневно покажуваат тотално непознавање на состојбите и прописите во град Скопје, што ја се отсликува неивентивноста и лагите врз основа на кои се базира и е изготвувана нивната програма, истакна Марјан Стефановски.

-Шилегов во недостиг на квалитетна изборна програма, во недостиг на сериозни и развојни проекти кои ќе го подобрат животот на скопјани, изнесе нова небулоза дека ќе гради мост на место кое е прогласено за заштитна зона. Денеска позади нас, можете да ја видите одблизу локацијата каде Шилегов планира да гради мост, а каде всушност се наоѓа бунарското подрачје Нерези-Лепенец, од каде со вода се снабдуваат сите жители на град Скопје. Оваа место на кое СДС и Шилегов планираат да градат мост со решение донесено од град Скопје во 1999 година е прогласено за заштитна зона. Како е можно Шилегов да предвидува да гради мост во 1 заштитна зона од подрачјето, каде согласно решението е забрането движење за граѓани и забранета изградба на било какви објекти.

Согласно член 7 од решението, додаде тој, предвидена е забрана за движење на неовластени лица во подрачјето без посебно одобрение.

-Градењето на мост на вакво со закон заштитено подрачје е практично невозможно и надвор од здрав разум и сигурно ќе влијае на загрозувањето на животната средина во Скопје. Градењето на ваков инфраструктурен објект, дополнително може да го загрози квалитетот на водата за пиење на Скопјани, со оглед на тоа што бунарите од кои се снабдува со вода град Скопје се наоѓаат точно во оваа заштитена зона. Ова значи, тука простор за градба на мост нема. Тоа значи дека Шилегов лаже. Граѓаните ја препознаа безидејноста и лагите на Петре Шилегов, Стефан Богоев и СДС и знаат дека тие нема да донесе ништо добро за град Скопје и Карпош. Скопјани нема да бидат изманипулирани и излажани, рече Стефановски и додаде:

Граѓаните на претстојните избори ќе ги препознаат безидејните и расипнички политики на СДС, Шилегов и Богоев. Скопјани ќе кажат „НE” на празните ветувања со кои Петре Шилегов и Богоев ги манипулираа граѓаните на  Скопје и општина Карпош.