Спорт плус
30. April 2017 - 20:35

Стефановски петти на трката во Монца

 
Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе го освои 5.место на стартот од новата сезоната во ЕТТЦ шампионатот.
 
Откако првата трка на легендарната патеката во Монца, Стефановски ја заврши на четвртото место, во втората на крајот беше на петтата позиција, за на крајот во севкупниот поредок да биде петто рангиран. 
 
Следната трка од ЕТТЦ шампионатот е за две недели во Унгарија, а претходно, Стефановски ќе настапи пред домашната публика и тоа на Големата награда на град Скопје која ќе се вози на патеката на Водно  следниот викенд на 6 и 7 мај