Стефановиќ: Во Србија влегле над 600.000 имигранти
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави во Сараево на министерскиот форум „ЕУ-Западен Балкан“, дека во Србија од почетокот на годината влегле над 600.000 имигранти од 107 земји. При тоа, државата вложува максимални напори да ги регистрира, да земе биометриски податоци и да им обезбеди ефикасен пристап до системот за добивање азил, наведе Стефановиќ, објави денеска белградскиот весник „Данас“.
Стефановиќ рече дека оваа година во споредба со претходната се откриени околу 20 пати повеќе илегални имигранти. - На ден во земјата пристигнуваат околу 4.000 бегалци, што е два-три пати помалку во споредба со претходниот период, рече тој.
- Две третини од сите имигранти, кои оваа година преминале преку земјата се мажи, а неполнолетни се околу 150.000. Најмногу бегалци се од Сирија и Авганистан, но речиси никој од нив не побарал азил во Србија, рече Стефановиќ.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите