Кошарка
7. October 2016 - 15:03

Стефан Синовец се врати во МЗТ Скопје

По трите порази во низа на стартот од новата сезона во регионалната кошаркарска АБА лига управата на МЗТ Скопје Аеродром реши да го ангажира Србинот, Стефан Синовец, кој македонскиот првак потпиша договор до крајот на сезоната.
 
Станува збор кошаркар кој одлично ја познава средината во која доаѓа, со оглед што претходно двапати настапуваше на сино-белиот тим. Синовец првпат во „Јане Сандански“ дојде во 2013 година по што ја одигра целата сезона по што замина во унгарски Шолнок, каде што не се задржа многу по што се врати во таборот на МЗТ Скопје Аеродром. Минатата сезона ја мина во словенечка Крка.
 
Српскиот интернационалец игра на позицијата бек-шутер, а по потреба може да помогне и на позицијата „3“, која е дефицитарна по повредата на Ѓорѓе Дреновац. Во досегашната кариера, која ја почна во српска Визура, има играно уште и за Партизан, Металац Ваљево, Раднички Крагуевац и Химик.
 
Неговото деби во сино-белиот дрес се очекува в недела на дуелот на домашен терен против Цибона.