Фудбал
22. September 2017 - 16:08

Ставрев на центарот во Битола

Дербито на седмото коло од Првата фудбалска лига што во недела (24.септември) ќе го играат Пелистер и Вардар на стадионот под „Тумбе кафе“ во Битола ќе го суди интернационалецот Александар Ставрев. Него ќе му помагаат: Марјан Кировски и Дејан Костадинов, додека четврти судија е Марјан Смилкоски. Помошници зад головите ќе бидат: Константин Влахо и Кирил Смоковски.
Дуелот на Националната Арена „Филип Втори“ меѓу Работнички и Академија Пандев ќе го суди Димитар Мечкаровски, а главен судија на натпреварот Ренова - Шкупи ќе биде Стојанче Стојанов. 
Во Кратово Марјан Стојановски е одрден да го суди дуелот Силекс - Победа, додека натпреварот Скопје - Шкендија ќе го суди Васко Мавров.