Македонија
5. July 2017 - 16:20

Статусот на Зекири за хомосексуалците побуди бурни реакции на активистите- Заев најавува дебата

За хомосексуланите бракови ќе има дебата во јавноста, најави премиерот Зоран Заев. Како Влада сакале да ги слушнат размислувањата на експерти и како е тоа регулирано во други земји, за потоа  да можат да заземат став.

-Ние се декларираме дека ги почитуваме различностите и градиме општество еднакво за сите. Но не сме компетентни за тоа и затоа треба да слушнеме размислувања на експерти, да ја слушнеме јавноста и примери како е тоа во други земји, и потоа да се избајде решение, изјави Зоран Заев, премиер

И додека власта бара стручни лица да дебатираат за истополовите бракови, вчерашниот став на пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири објавен на неговиот фејсбук профил, предизвика жестоки реакции. И партијата во која истиот е потпретседател се огради од неговите тези во кои тој цитирајќи делови од Куранот каде с епроколнуваат хомосексулаците. Отворено писмо до Зекири упати Ирена Цветковиќ која како активистка во невладиниот сектор се бори за правата на ЛГБТ заедницата.

Да се биде против една категорија на луѓе, а истовремено да се биде пратеник е возможно, но истовремено е некоректно. Огромен број ЛГБТ луѓе гласаа за СДСМ не затоа што сте многу убави, туку затоа што веруваа дека ќе донесете промени, оптимизам и демократија, стои во писмото на Цветковиќ до Зекири.

Реакција за Зекири има и поранешната пратеничка на СДСМ каролина Ристовас Астеруд.

Се надевам дека СДСМ не планира да се „дружи“ и „кокетира„ со типови од тој и таков политички спектар , да ги охрабрува, да им овозможи да ја користат, ни помалку, ни повеќе, партиската, политичката и државната машинерија за таквите свои цели, за легитимирање и собирање приврзаници на таквите свои „ставови„, „вредности“ и „агенди“ меѓу граѓанството, му пишува Астеруд на потпретседателот на СДСМ.

Бранко Манојловски од ДУИ и вчера изјави дека не се откажува од својата иницијатива за легализација на истополовите бракови.