Бизнис
9. September 2016 - 19:46

Статистика објави нов пад на невработеноста, сега изнесува 24%

Невработеноста во вториот квартал се намалила на 24%. Тоа за половина процентен поен помалку од првиот квартал, а за 2,8 отсто во однос на истиот период лани.

Како што објави државниот завод за статистика, меѓу активното население во второто тромесечје вработени биле над 720 илјади, а над 227 702 илјади биле невработени.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вели дека ова е исторски најниска стапка на невработноста откако се вршат мерењата.

Најголем број вработени, близу 140 илјади, се вработени во преработувачката индустрија, земјоделството, шумарството и рибарството со над 117 илјади вработени, трговијата на големо и мало 102 илјади.

Филип Момировски