Македонија
4. јуни 2016 - 17:05

Стартуваше полагањето на државната матура

17 илјади ученици го полагаа првиот предмет од државната матура, задолжителниот мајчин јазик. Тестирањето заврши без проблеми  во сите средни државни училишта. 9та година по ред, учениците полагаат по 4 предмети од кои 3 екстерни и 1 интерен кој го избираат  во зависност од тоа каде планираат да го продолжат високото образование. Испитот пристигна во 10 часот а полагањето се одвиваше четири часа. Во скопската гимназија Јосип Броз Тито , заменикот Ристовски беше да се увери во регуларноста на тестирањето.

И оваа година најмногу матуранти избрале да полагаат англики јазик.За математика се пријавиле 2335  и ќе го полагаат на 9ти јуни , на 13 е тестирањето по странски јазик. Директорката на гимназијата информираше дека нема отсутни ученици.

Првите ученици излегоа по неполни 2 часа. Прашањата биле според очекуваното и немале потешкотии бидејќи се работи за предмет мачин јазик кој го учат 4години. Велат немало препишување, имале доволно време да се подготват и за останатите предмети. Повеќето од гимназијалците ќе полагаат странски јазик и природни науки.

Сликата во останатите средни училишта е поинаква. Сеуште поголем дел од учениците се решавааат на полгање предмети од општествените науки за упис на факултетите по бизнис, право, економија и  филозофија. Според државен инспитен центар, пријавени се 8 729 од гимназиско , 7866 од стручно и 264 од уметничко образование. Останатите ќе полагаат завршен испит. За државната матура ангажирани се околу 2ипол илјади настабници и тестатори и 200 набљудувачи.