Loading Video...
Спорт плус
19. March 2018 - 14:38

Стартуваат универзитетските спортски игри

Од денеска па се до 24 мај денот на патронатот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј ќе се одржуваат натпреварите на универзитетските спортски игри.
 
Годинава се очекува најмасовна партиципација на студентите од речиси сите факултети во државата.
 
Досега се пријавени 57 екипи од 19 факултети кои ќе се натпреваруваат во четири екипни спортови, кошарка, ракомет, одбојка и малфудбал. Покрај овие (екипни) спортови, студентите ќе се натпреваруваат и во пет индивидуални спортови. 
 
Над 1.200 студенти низ овие натпревари уште еднаш ќе потврдат дека спортот и едукцијата одадат рано до рамо, односно дека не постои пречка за активно учество во спортот и во периодот кога младите луѓе го минуваат високо образовниот процес преку кој ќе ја градат својата иднина и професија.
 
Натпреварите ќе се одржуваат секојдневно,почнувајќи од денеска во терминот од 16 часот, во салата „Македонски Херои“која е во склоп на Факултетот за физичко образование спорт и здравје.