Спорт плус
10. November 2017 - 11:27

Стартуваат борбите на боксерскиот „Златниот гонг 2017“

 
 
Со полуфиналните мечеви кои ќе се одржат попладнево, во Скопје, ќе започне 47-то издание на меѓународниот боксерски турнир „Златниот Гонг“.
 
На годинашното издание на „Златниот Гонг“ учество ќе земат над 40 боксери од 7 седум држави.
 
Покрај македонските боксери, љубителите на овој спорт кои ќе бидат присутни во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ ќе може да ги видат и најдобрите боксери од регионот: Хрватска, Бугарија, Косово, Босан и Херцеговина, Романија и Албанија.
 
Македонија ќе биде претставена од седуммина боксери и тоа: Алмир Нуришов, Денис Муаремовски, Јасин Лама, Артан Алиу, Лулзим Имслаили и Алим Насуфи.
 
Програмата започнува попладнево од 16 часот со полуфиналните борби, додека утре (сабота) од 11 часот се финални борби, а доделување на награди и признанија од 14 часот.