Ракомет
29. August 2015 - 8:00

Стартува женскиот ракомен турнир „Вардар 2015“

Со натпреварот меѓу Будуќност и Ростов Дон што почнува во 18 часот стартува женскиот ракометен турнир „Вардар 2015“. Во вториот дуел од денешната програма во 20 часот играат домаќинот Вардар и Лајпциг.

Утре македонскиот првак за ривал ќе ја има екипата на Подравка, додека „вардарки“ во понеделник се слободни.
Натпреварите за пласман се играат на 1.септември во вторник, а финалето е закажано за 20 часот.