Кошарка
17. February 2017 - 9:45

Стартува завршницата на кошаркарскиот Куп на Македонија

Осум екипи во машка и четири во женска ќе учествуваат на завршниот турнир од кошаркарскиот национален куп – „Лимак Куп на Македонија 2017“, чии натпревари ќе се играат во салата Јасмин во Кавадарци.
 
Завршницата на купот стартува денеска во 1/4 финалето во машка конкуренција, додека утре ќе се играат полуфиналните натпревари во двете конкуренции, а во недела на програмата е финалето, прво кај дамите, а потоа кај мажите. 
 
Трофејот ќе го бранат екипите на МЗТ Скопје Аердором кај мажите и Бадел кај жените. 
 
Комплетна програма за завршницата на Купот на Македонија.



Четвртфинале - 17.02.2017 (петок)

13:00ч. Карпош соколи - Вардар

15:30ч. Фени индустри - АВ Охрид

18:00ч. Работнички - Куманово

20.30ч. МЗТ Скопје - Кожув

Полуфинале - 18.02.2017 (сабота)

13:00ч. Бадел 1862 - МНА Кожувчанка

15:30ч. Вардар - Пелистер

18:00ч. Победник Работнички/Куманово - Победник Карпош соколи/Вардар

20.30ч. Победник Фени индустри/АВ Охрид - Победник МЗТ Скопје/Кожув



Финале - 19.02.2017 (недела)

16.00ч. Финален натпревар женска конкуренција

19.00ч. Финален натпревар машка конкуренција

 
Билетите секој натпревар поединечно е со симболична цена од 50 денари, додека за финалето ќе изнесува 100 денераи.