Македонија
19. February 2017 - 16:52

Стартува санацијата на браната кај Слатинско езеро

Пролетва се очекува да започне санацијата на браната кај Слатинско езеро во Дебарца. Насипот попушти пред 5 години и од тогаш акумулацијата се полни во одреден период од годината од реките кои што доаѓаат од планинските предели.Браната која е направена пред 50 години од глина ,камења и земја ќе добие нов лик според високи стандарди и повторно ќе стане привлечно место за посетителите и рибарите.

На овој простор предвидено е да се гради хотел кој ќе допринесе за развој на туризмот.

Инаку општината забрзано се гради предвидени се голем број инвестиции а како нова атракција за привлекување на туристите е изградбата на пристапниот  пат и пешачките патеки во областа Сини Вирој.

Дебарца инфраструктурно се уредува се реконструираат патишта се градат водоводни и канализациони мрежи за подобрување на животниот стандард  на жителите од општината.