Кошарка
14. March 2017 - 16:13

Стартува полуфиналето во кошаркарскиот Еврокуп

 Во второто по квалитет европско клупско кошаркарско натпреварување Еврокупот денеска ќе се играа првите средби од полуфиналето. 
 
Две шпански и по една руска и израелска екипа ќе се борат за место во големото финале. 
 
Програмата ќе биде отворена со натпреварот во Кубан од 18 часот каде составот на Локомотив ја пречекува екипата на Уникаха. 
 
Во терминот од 20 част и 30 минути, ќе започне и вториот полуфинален меч во кој Валенсија ќе биде домаќин на Хапоел од Ерусалим. 
 
Полуфиналната серија ќе се игра во два добиени натпревари. 
 
Реваншите на програмата се на 17-ти, додека евентуалните мајсторки ќе се играат на 22 март.