Бизнис
12. April 2016 - 19:37

Стартува градежната сезона на македонските патишта

Се засилуваат градежните активности на македонските патишта. Од денеска се отворени базите и почнува асфалтирањето на регионалните патишта низ цела Македонија. Првиот патен правец каде е ставен нов асфалт е во скопско Чучер Сандево на потегот кон Стенковец, Бродец и Танушевци.  Се работи за инвестиција од 30 милиони денари.

„При посетата на Чучер Сандево со претседателот Груевски им ветимве на граѓаните дека овој патен правец ќе биде прв асфалтиран кога ќе бидат отворени асфалтните бази. И еве денеска почнува асфалтирањето. Овој патен правец ќе биде завршен за околу еден месец“, изјави министерот за транспорт и врски, Владо Мислаовски. 

Се асфалтираат сите патишта на кои лани почнаа градежните работи: Кривогаштани – Воѓани,  Лажани – Црнилиште,  Битола – Буково, Бошков мост – Дебар, Тетово Чегране Гостивар, Карбинци – Зрновци како и експресниот пат Велес Кадрифаково.

„Со отворањето на асфалтните бази почнува асфалтирањето на сите патни правци каде постојат услови за тоа и очекуваме дека ќе бидат завршени патиштата во поголем дел од Македонија“, вели директорот на Македонија пат, Гајур Кадриу .

За годинава планирана е инветсиција од  околу 50 милиони евра во регионални патишта односно ќе се градат или реконструираат вкупно 167 километри на 13 патни делиници.