Фудбал
14. February 2017 - 9:42

Стартува 1/8 финалето во Лигата на шампиони

По речиси три месечна пауза денеска продолжуваат возбудувањата во фудбалската Лига на шампиони.
 
На ред е елиминациската фаза во која нема место за кикс. 
 
Во првите два осминафинални натпревари вечерва ќе играат ПСЖ - Барселона и Бенфика - Борусија Дортмунд.

Утрешниот ден носи две големи дерби пресметки. Главниот дуел се игра во Минхен каде Баерн го пречекува Арсенал, но огромно внимание предизвикува и пресметката помеѓу Реал Мадрид и Наполи.

Следниот вторник Манчестер Сити ќе го пречека Монако, додека Атлетико Мадрид ќе му гостува на Баер Леверкузен.

Првите осминафинални дуели ќе се комплетираат следната среда со дуелите помеѓу Севиља и Лестер и Порто - Јувентус.