-->
-->
Старт со рекорди на македонските пливачи
-->
На првиот ден од Европското првенство во пливање што се одржува во Лондон македонските пливачи испливаа најдобри времиња, а соборени се и три македонски рекорди. Марко Блажевски постави македонски рекорд на 100 метри градно со време 1:03.57 минута и 51 стотинка го подобри сопствениот рекорд. Неговото време на „свртување“ 30.07 секунди е исто така македонски рекорд на 50 метри градно. Блажевски во конкуренција на 61 пливач го освои 53.место.
Ана-Марија Дамјановска исплива македонски рекорд во дисциплината 50 метри пеперутка со време 29.53 секунди и го собори 12 години стариот рекорд на Весна Стојановска од Мадрид – 29.82 секунди. Дамјановска го освои последното 45.место во оваа дисциплина.
Третиот наш пливач што настапи денеска Љупчо Ангеловски на 50 метри пеперутка имаше време 25.64 секунди што е негов личен рекорд и го освои 58.место во конкуренција на 62 пливачи. Македонски рекордер во оваа дисциплина е Зоран Лазаровски со време 25.26 секунди.
Утре од македонските пливачи ќе настапи Андреј Стојаноски во дисциплината 1.500 метри слободно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево