Старлетата тешко повредена, Сораја заврши на шиење
Српската старлета Сораја Вучелиќ побегна од студената Србија во топлиот Тајланд, но таму не и одеше се според плановите.
Таа пред неколку дена заврши на шиење зошто паднала од даската за сурфање и си ја исекла ногата.
"На Тајланд и беше одлично првите неколку дена, а потоа одлучи да сурфа. Изнајми даска и тргна со пријателите во лов на високите бранови. Бидејќи не е одлична во овој спорт, таа изгуби рамнотежа и падна. Тогаш со ногата удри во остриот дел од даската и се исече. Бидејќи беше во вода не почувствува дека и тече крв, а кога излезе на брегот имаше што да види, вели нејзина пријателка со која заедно се на одмор.
"Кога виде колку и тече крв, таа прво многу се исплаши, а веднаш потоа отидовме до хотелот каде во близина имаше и амбуланта. Лекарите и ја видоа исеченицата и рекоа дека е длабока и мора да се сочие. Потоа таа се врати во соба и цел ден одмараше. Бидејќи таа е позната по немирна природа, уште утредента продолжи да се шета по плажите и да ужива во одморот. Одеше редовно на лекар да и ја прегледаат раната, но за среќа, се добро заврши, вели извор близок до неа.
Сораја уште неколку дека ќе престојува на оваа егзотична локација, по што ќе се врати во Белград каде има деловни обврски.
-Вистина е дека нешто се случи на Тајланд, но сега е се во ред. Им благодарам на лекарите што ми ја санираа раната. Овде е навистина преубаво, како во рајот и не сакам да се вратам во Белград. Сепак се што е убаво има крај, така што уште неколку дена ќе уживам во сонцето, морето и убавите плажи, напиша Сораја.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април