Македонија
23. October 2017 - 11:33

Старица прегазена во Куманово, префрлена со тешки повреди во болница во Скопје

Вчера во 14.20 часот на ул. „114“ во Куманово се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ. (52) од с.Дренок, општина Старо Нагоричане, удрило во пешакот С.Ј. (74) од Куманово.

Во незгодата С.Ј. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Медицински центар Куманово каде и била укажана лекарска помош. 

Поради сериозноста на повредите била пренесена во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.