Македонија
19. November 2015 - 12:53

Старец прегазен од трактор, починал на лице место

Деведесет и две годишниот Рефик А. од село Градец го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на локалниот пат што го поврзува селото Градец со автопатот Гостивар-Тетово.

-Во моментот кога Рефик ја поминувал улицата бил удрен со трактор без регистарски ознаки, управуван од В.Х.(76), информираат од полицијата.

Рефик починал на лице место, а смртта била констатирана од лекар од Медицинскиот центар-Гостивар. На местото на несреќата извршен е увид.