Бизнис
4. January 2016 - 20:19

Стапија на сила повисоките субвенции за носење странски туристи

Од месецов зголемени субвенциите за развој на туризмот. Од сега туроператорите за секој донесен турист кој во земјава ќе допатува со чартер лет од Израел, Австрија, Малезија, Јужна Кореа, Италија, Франција и Шпанија, наместо по 25 ќе добиваат по 65 евра по лице. За туристите од Чешка, Словачка, Унгарија, Полска и Романија зголемувањето е од 25 на 35 евра, а треба да достигне до 45 евра  поединечно. Надлежните сметаат дека оваа мерка  дополнително ќе помогне за зголемување на бројот на странски  посетители во земјава, девизните приливи, што значително ќе помогне за подобрување на целокупната економија

Годинава  државата ќе обезбеди  и над 20 милиони евра за доделување на грантови. Дел од тие пари се за  подобрување на инфраструктура, дел за мали и средни фирми кои имаат добри  идеи кои ќе придонесат за развој на туризмот.

За зголемувањето ан бројот на странски посетители во змејава  придонеле и вовеудвањето на новите линии од скопскиот аеродром.

Според статистиката, бројот на странски турсити во земјва во последниве осум години порасна за 100 проценти.  Од  јануари до октомври  лани, споредено со истиот период од 2014 бројот на  туристи е зголемен за 10 отсто. Во истиот период бројот на ноќевања пораснал за 8, 4 проценти. Во октомрви  лани најбројни биле туристите од Турција, Грција и Србија, а најпосетено место  Скопје.