Живот
23. January 2017 - 22:43

Станот топол, а сметки за струја мали - Можно е ако го знаете овој едноставен трик

Во зима, природно, сметките за струја прилично се зголемуваат, затоа што покрај централното греење често морате становите да ги дозагревате со греалки на струја, најчесто поради лошата изолација. Уште потешко им е на тие со етажно греење. Сепак, постои едноставен трик со кој можете да зачувате некои денар во новчаникот, а притоа станот да ви биде топол.

Лошата изолација е голем проблем во зима. Како што постои трик со ПВЦ прозорите да ги подесите во зимска позиција и така да си осигурате топла просторија и заштедите на греење, постои и начин да спречите губење на топлина која ја даваат радијаторите поставени на надворешните ѕидови од станот.

Наместо да дозволите топлината да излегува од ѕидовите, позади радијаторите поставете фолија за топлотна изолација. Така што топлината ќе се рефлектира назад во собата. Само обратете внимание топлината која ја емитува радијаторот да не ја блокираат завесите, мебел или облека која се суши.

За овој трик освен специјална фолија наменета токму за вакви работи, може да послужи и квалитетна кујнска алуминиумска фолија.