Ракомет
14. December 2017 - 15:52

Станиќ сепак се откажува од ракометот!

Иако беше најавен како замена за Арпад Штербик на голот на европскиот првак Вардар, некогашниот голман на Металург Дарко Станиќ денеска самиот демантира дека постои таква можност бидејќи одлучил да се збогува со ракометот и да работи во Агенцијата за млади и спорт на Србија:

„Нема ништо од приказната со Вардар. Се вработив во министерството за млади и спорт во Србија. Обврските ми започнаа од минатата недела. Тоа е тоа со кое што планирам да се занимавам во иднина“, -изјави некогашниот репрезентативец на Србија кој одлучи на возраст од 39 години да замине во пензија.