Џет-Сет
13. February 2016 - 9:47

Станија му ги даде на Кристијан парите од наградата, еве што му порача

Станија Добројевиќ му даде 12.000 евра што ги доби како награда од реалното шоу „Фарма“ на Кристијан Голубовиќ.

Старлетата раскажа дека добила закани од Голубовиќ и неговите момци, а на крајот сепакс е решила да му ги даде парите.

-На многу важна приказна ставив точка. Некои ми велат дека излегов наивна. Други ме убедуваат дека така постапуваат победници. Слушам дека има и од оние кои мислат дека сум луда. Во сето тоа мене ми е најважно да си го зачувам образот чист. Нефер и валкани борби оставам на оние кои во животот навикнале да губат, напиша Станија на Инстаграм.