Живот
14. September 2016 - 14:19

Станарите не можат да спијат - Во Белград цела зграда се тресе од секс

 
Некои луѓе не можат да споијат поради грижа, некои поради несоница, а поединци во Белград око не можат да склопат поради секс, и тоа туѓ.
 
Имено, во една зграда  станови се издаваат на еден ден, а таквите станови често ги изнајмуваат млади парови, и тоа за да имаат каде да водат љубов, но баш тоа им засметално на тамошните станари. 
 
- Два стана во нашата зграда се издаваат на ден. Ние немаме мир поради тоа. Нон-стоп низ зградата поминуваат разни ликови, мигранти, наркомани... 
 
Ноќта организираат журки кои трат до сабајле, се пушта гласна музика, луѓе вриштат, пејат, лупаат по врати. Чувај Боже. Меѓутоа интересно е што млади парови изманјмуваат станови за овде да водат љубов. КОга тоа го прават се слуша во цела зграда. Не можеме да спиеме поради тоа. Зградата ни е претворена во јавна куќа, вели еден од станарите. 
 
Тој додава дека виделе разни глетки во ходникот. 
 
- Некои повраќат по ходникот и лифтот, некои не можат да одат дали од алкохол или дрога. Се и сешто се имаме нагледано. НИе трпиме тортура од други, а никој нема разбирање за нас, вели соговорникот за српски Курир.