Македонија
14. February 2018 - 9:56

Стабилизирано снабдувањето со електрична енергија во повеќе кичевски села

- Околу полноќ е стабилизирано снабдувањето со електрична енергија во поголемиот дел од кичевските села кои поради снежното невреме беа без електрично напојување.

Од ЕВН изјавија дека ангажирале двојно поголем број работници, а условите на терен биле лоши, бидејќи се планински и потешко пристапни места.

Улиците во градот каде што непрекинато работеле шест возила на ЈП Коминалец се проодни иако има тешкоти во одвивањето на собраќајот. И патните правци до околу 70 села во кичевскиот регион во голем дел се проодни во еден правец, но во некои места има таканаречени џепови за разминување на евентуално две возила.

Во Кичево висината на снежната покривка е околу 40 сантиметри додека пак во руралните средини е двојно поголема.